Еден од најголемите таленти на Челзи, Ријс Џејмс, потпиша нов долгорочен договор со клубот. Договорот е за 5,5 години, а според англиските медиуми, тој ќе му донесе над 20 милиони фунти на дефанзивецот, кој моментно има 20 години.
Основната плата на Џејмс ќе биде 80 000 фунти неделно. Со бонусите, сумата ќе се зголеми на 100.000, што значи дека тој ќе биде еден од најдобро платените млади дефанзивци во светот. Џејмс веќе има одиграно 18 натпревари за Челзи оваа сезона. Тој стана важен дел од составот на Френк Лампарад.

Ова е уште еден играч на академијата на Челзи кој ја својата иднина ј агледа во клубот, бидејќи истото го направија и Калум Хадсон-Одој, Мејсон Маунт, Рубен Лофтус-Чек, Фикајо Томири и Били Гилмор.

