Напаѓачот на Борусија Дортмунд Пако Алкасер може да се врати во Валенсија, пренесува весникот „Марка“.
Според оваа информација, 26-годишниот фудбалер сака да го напушти германскиот тим и да се врати во екипата на Валенсија. Шпанскиот клуб во моментов нема можност да се здобие со Алкасер, но Валенсија е подготвена да го побара на позајмица играчот со откупна обврска на крајот на сезоната.
Се очекува дека доколку Алкасер се врати во Валенсија, еден од напаѓачите ќе го напушти клубот. Најверојатно кандидати за заминување се Рубен Сориано и Кевин Гамеиро. Алкасер е играч кој настапуваше за валенсија во периодот од 2010 до 2016 година, по што се пресели во Барселона. Од 2018 година, ги брани боите на Борусија Дортмунд. Оваа сезона, Пако Алкасер постигна 5 гола на 11 натпревари во Бундес лигата и додаде една асистенција.