Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (IFFHS) го објави рангирањето на најсилните лиги во светот за 2019 година.
За прв пат од 2009 година приматот на најдобра го загуби Примера, а во 2019 година најдобра е Премиер лигата. 10 години по ред, шпанската Примера беше најсилната лига на светот. На второ место е бразилската Серија А. додека на третото место се наоѓа, шпанска Примера. Меѓу најдобрите 5 се упте и италијанската Серија А и Колумбискиот шампионат.
Македонската прва фудбалска лига се најде на 77-то место, зад Обединетите Арапски Емирати, а заедно со Никарагва.
10 најсилни лиги во светот според ИФФХС:
- Англија – 1287 поени
- Бразил – 1165
- Шпанија – 1141
- Италија – 939
- Колумбија – 849
- Португалија – 834
- Франција – 818
- Холандија – 790.5
- Аргентина – 776
- Германија – 765,5

