Напаѓачот на лондонскиот Арсенал Пјер-Емерик Обамејанг може да го напушти тимот во зимскиот преоден рок. За услугите на 30-годишниот капитен на „Топџиите“ се заинтересирани од Барселона.
Главниот напаѓач на оваа екипа Луис Суарез ќе биде надвор од теренот подолго време поради повреда и ќе се врати во составот само на крајот на оваа сезона. Поради тоа од клубот бараат замена за Суарез. Според „Мундо Депортиво“, Обамејанг се согласил да се пресели во таборот на Каталонците, што би можело да биде пресуден фактор во однос на неговиот трансфер.
Арсенал не сака да се раздели со својот напаѓач, но доколку самиот играч се определи на такво нешто, веројатноста за договор ќе се зголеми. Во исто време, Барселона знае дека договорот на напаѓачот е до летото 2021 година, и покрај тоа што лондончаните не ги обелоденија овие информации.

