Дани Олмо ги напуштил подготовките на Динамо Загреб во Ровињ и заминал за Загреб каде треба да го реализира својот трансфер. Олмо се испратил со своите соиграчи и тоа прилично емотивно.
Се очекува шпанскиот репрезентативец да ја прифати понудата и да направи трансфер во лидерот од Бундеслигата, РБ Лајпциг. Се чека само да се договорат уште некои детали и Олмо да замине на лекарски прегледи по што ќе биде потпишан договорот.
Неговото заминување за Германија се очекува да биде вечерва. Вкупната заработка на Динамо Загреб од овој трансфер може да достигне 30 милиони евра. Основната сума која ќе ја добие Динамо е 18 милиони евра, но со бонусите за пласман во ЛШ со Олмо во составот треба да добијат по дополнителни 2 милиони евра, како и процент од следниот негов трансфер.
Неговиот поранешен клуб , Барселона беше најблиску до Олмо, но понудиле премалку и затоа не се одлучиле за тој трансфер.

