Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала, откри дека бил многу близу да ги напушти „бјанконерите“ минатото лето. Во тоа време, англиските Тотенхем и Манчестер Јунајтед беа многу блиску до обезбедување на неговите услуги, со тоа што Спарси дури преговараа со ’Старата Дама’, и имаа договор од 64,4 милиони фунти. Сепак, во последен момент Јуве реши да го запре трансферот на Аргентинецот.
„Бев близу да заминам. Клубот го сакаше истото. Чекавме до последен момент“, изјави Дибала за „Гардијан“.
„Имам уште две години од мојот договор. Не малку, но не многу. Ќе видиме какви планови има Јуве – дали сакаат да останам или да си заминам. Одлуката зависи од тимот“, дополнил Аргентинецот.