Младата Македонска скијачка Јана Атанасовска оствари победа во слаломот на 58. издание на Ски Интер Критериум 2020 кој се одржа во скијачкиот центар Рички во Чешката република.
Таа во категоријата до 14 години го освои првото место. Јана Атанасовска е родена во 2006 година имаше нешто послаба прва трка и заврши со време од 36.12 но во втората беше далеку подобра од конкуренцијата за речиси две секунди и во севкупниот поредок го освои првото место со вкупно време 1:14.36. На оваа трка учествуваа 40 скијачки од различни држави ширум Европа, а Јана беше единственото девојче од Македонија.
Атанасовска се натпреваруваше и во велеслаломот и заврши на шестата позиција. Македонија имаше преставник и во машка конкуренција во категоријата У14 во слаломот Данило Илиев заврши на 11. позиција, а Никола Деспотовски не ја заврши трката.