Дани Себалјос кој игра во Арсенал како позајмен од Реал Мадрид, сака по секоја цена да ги напушти „топчиите“ и да се врати во редовите на шпанскиот фудбалски состав.
23-годишниот плеј-мејкер побара од „кралевите“ да го раскинат договорот за закуп со англискиот состав и да му дозволат да си пронајде нов клуб додека тече јануарскиот трансфер период.
Медиумите во Шпанија објавија дека Себалјос сака да го напушти тимот од „Емирати“ и дека постигнал начелно договор со Валенсија, но, Реал го блокира неговиот трансфер.

