Челниците на фудбалскиот состав Милан се сериозно заинтересирани за ангажман на Ентони Робинсон кој игра во англискиот второлигаш, Виган.
„Скај Спортс“ пренесе дека двата клуба се во напредни преговори за 22 годишниот играч кој во текот на изминатото лето беше купен од Евертон за скромни два милиона фунти. За да се комплетира трансферот, Милан треба да го продаде Рикардо Родригез кој веројатно ќе се врати во Бундеслигата во редовите на Баер Леверкузен.
Според прогонозите, „росонерите“ за потписот на Робинсон ќе треба да платат околу десет милиони фунти.

