Фудбалерот, Стивен Бегвајн, во текот на денов треба да пристигне во Лондон и да ги помине задолжителните медицински прегледи во Тотенхем.
Медиумите на Островот потврдија дека „Спарси“ се договориле со ПСВ за репрезентативецот на „лалињата“ кој има постигнато пет голови и направено десет асистенции на вкупно 16 средби одиграни, во најсилниот шампионат на Холандија. Бергвајн кој се гледа како еден од најталентираните млади играчи во Европа во треба да потпише договoр за четири сезони.
Се претпоставува дека Тотенхем за неговите услуги ќе му плати на ПСВ скромни 30 милиони евра. Холанѓанецот иако главно дејствува по страничните позиции, знае да бид екрајно активен и во шпицот на нападот.

