Десетици маскирани хулигани ноќеска го нападнале домот на извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Ед Вудвард, во чиј двор фрлиле запалени факели и чадни бомби.
Според англиските медиуми, нападот е дело на таканаречената група „Момци во црно“, кои долго време се против управата на „ѓаволите“ и американските сопственици на клубот. Нивниот револт кулминирал по неодамнешниот пораз од Барнли (0-2) на домашен терен, а нападот доаѓа во пресрет на денешната реванш-пресметка против градскиот ривал Сити во полуфиналето од Лига Купот. „Граѓаните“ во првиот меч славеа со 3-1.

