Англиските медиуми објавија дека е договорен трансферот на Бруно Фернандеш од Спортинг во Манчестер Јунајтед и дека фудбалерот полетал кон Англија.
Фантастичниот играч од средниот ред во текот на денов треба да ги заврши лекарските прегледи и да потпише договор со „црвените ѓаволи“. Јунајтед ќе му плати на Спортинг 55 милиони евра а екипата од Лисабон би можела да добие уште 25 милиони преку разни бонуси.
Денешната вест конечно ќе ја затвори приказната околу Фернадеш и неговото доаѓање на „Олд Трафорд“.

