Арсенал го ангажираше шпанскиот дефанзивец Пабло Мари за остатокот од сезоната, соопштија од клубот.
26-годишниот дефанзивец пристигнува од бразилскиот Фламенго, кој ја освои титулата во Јужна Америка и Копа Либертадорес пред само два месеци.
Претходно, Мари беше играч на Манчестер Сити. Арсенал ќе има опција да го ангажира Мари со постојан договор по завршувањето на сезоната, доколку неговиот настап во текот на следните пет месеци ги задоволи вкусовите на раководството.