Барселона се подготвува да направи понуда за крилниот играч на Челзи, Вилијан, пренесува „Скај Спорт“.
Според изворот, од Барса ќе бидат подготвени да платат 31,5 милиони евра за 31-годишниот фудбалер на Челзи. Каталонскиот клуб има намера да потпише со бразилскиот фудбалер пред да се затвори зимскиот преоден рок. Оваа сезона, Вилијан учествуваше на 30 натпревари на клупско ниво. Крилниот напаѓач има 5 голови и 5 асистенции.
Договорот на Бразилецот со Челзи е до наредното лето. Претходно беше објавено дека лондонскиот клуб веќе започнал преговори со Бразилецот за продолжување на досегашниот договор, но тоа не е сторено до денес.