Од Англија денес стигнуваат неколку информации кои се поврзани со тимот на Тотенхем, предводен од Жозе Мурињо.
Првата вест е дека Челзи и Тотенхем се договориле за трансферот на Оливие Жиру во Тотенхем, но оваа информација сеуште не е потврдена од страна на клубот. Но секако она сшто го објави весникот „Тајмс“ е уште по интересно, а тоа е дека Тотенхем се надева на склучување договор за враќање на Герет Бејл во северен Лондон.
Во Тотенхем веруваат дека со успех ќе завршат неодамнешните разговори со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, во нивните напори повторно да потпишат договор со интернационалецот од Велс.
„Тајмс“ наведува дека постои поголем оптимизам во Тотенхем дека денес ќе можат да го потпишат договорот со велшката суперeѕвезда.

