Откако пропадна трансферот на напаѓачот, Едисон Кавани, во Атлетико Мадрид, тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, изјави дека Уругваецот треба да се насочи кон активностите во клубот и да размислува само на неговите игри на фудбалскиот терен.
„Има полоши ситуации во животот од тоа да останеш и да бидеш напаѓач на ПСЖ. Тој набрзо ќе почуствува дека е значаен, но, треба да го врати ритамот и формата. Нема да има промени во сегашниов трансфер период и добро е што Кавани ќе остане со нас“, -изјави Тухел.
Иако беше најавено дека корпулентниот голгетер има договор со шпанскиот тим и дека ќе ја напушти Франција, сепак челниците на двата состава не успеаа да најдат заеднички јазик околу висината на обештетувањето.

