Досегашниот фудбалер на Лајпциг, Матеус Куња, во иднина ќе го носи дресот на Херта Берлин откако екипата на Јирген Клинсман го плати обештетувањето од 20 милиони евра.
За составот од Берлин тоа е третото ново име обезбедено во текот на зимава откако претходно беа купени и Лука Тусар од Лион и Криштоф Пјонтек од Милан. За нивниот ангажман беа платени вкупно 55 милиони евра.
Ќе потсетиме дека Бундес-лигашот во претходното лето го ангажираше Доди Лукебакио за 20 милиони евра што значи дека за околу седум месеци потроши околу 100 милиони евра што претставува клупски рекорд.

