Футсал репрезентацијата на Македонија не успеа во последниот натпревар од претквалификацискиот турнир во Скопје да забележи победа против Норвешка и да го освои првото место во групата.
Македонија е поразена од Норвешка со 1:2, па патот до квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2020 година ќе мора да помине преку бараж.
Норвежаните губеа во поголемиот дел од натпреварот откако Македонија поведе во 5.минута преку Иван Крстевски, но на стартот на вториот дел во 22. минута Педерсен изедначи на 1:1, додека целосниот пресврт го направи голманот на Норвешка Ракваг во 37. Минута кога погоди во празниот гол на нашата репрезентација во моментите кога Македонија играше без голман, со играч плус во поле.
Нашата репрезентација сега ќе игра бараж кој ќе го играат сите второпласирани селекции од групите како и најдобрите пет третопласирани.
Ждрепката за баражот за квалификации за ЕП 2022 ќе биде на 13 февруари во Нион, Швајцарија.

