Голманот на италијански Интер, Самир Хандановиќ ќе биде надвор од терените неодредено време поради повреда, пренесоа италијанските медиуми.
Словенечкиот голман се повреди на тренинг додека се подготвуваше за натпреварот со Удинезе кој е на програмата вечерва. 35-годишниот голман се очекува да ги пропушти следните неколку натпревари за клубот од Милано.
Хандановиќ оваа сезона има 29 натпревари за „нероаѕурите“.