Откако беше на чекор од заминување од Динамо во текот на зимскиот преоден рок, македонскиот репрезентативец Аријан Адеми денеска ја продолжи лојалноста кон Динамо за следните пет години. Тој потпиша нов договор со клубот до 2025 година.
„Порано кажав дека си одам, но во еден момент видов дека ова не е вистинскиот пат за мене и дека не е тоа што го сакав во животот. Се предомислив. На овој начин му се извинувам на Крунослав Јурчиќ, не беше во ред ни професионално тоа што го направив“, изјави Адеми.
„Ќе останам во Динамо до крајот на мојата кариера, освен ако има некоја понуда од некој клуб во ТОП 5 лигите во Европа. Но, се остварив како играч, играв за Динамо, играв во ЛШ. Сакам да бидам најтрофејниот играч на Динамо, да имам најмногу европски настапи“, изјавил нашиот репрезентативец за официјалниот сајт на клубот, по потпишувањето на договорот.