Медиумите во Англија напишаа дека првите луѓе на фудбалскиот состав, Челзи, ќе му обезбедат на тренерот, Франк Лампард, најмалку 150 милиони фунти за да го засили тимот во текот на летниот трансфер период.
Ќе потенцираме дека „сините“ не купија ниту еден играч во штотуку завршениот преоден рок иако им беше укината забраната за трансфери.
Според наведеното, лондончани се заинтересирани за услугите на Џејдон Санчо, Тимо Врнер и Муса Дембеле, но, се поставува прашање дали споменатата сума ќе биде доволна за евентуално нивно ангажирање на стадионот – „Стемфорд Бриџ“

