Манчестер Сити го следи конфликтот на напаѓачот Лионел Меси со раководството на Барселона. „Граѓаните“ очекуваат да го добијат 32-годишен фудбалер доколку одлучи да го напушти каталонскиот клуб, пренесува „ЕСПН“.
Договорот на Меси со Барселона е со важност до 30 јуни 2021 година, но договорот има опција која му овозможува на напаѓачот да стане слободен агент во наредното лето.
„Сити“ важи за фаворит во борбата за Лионел, бидејќи Аргентинецот одржува добри односи со спортскиот директор на англискиот клуб Чики Бегиристин , менаџерот Феран Сориано и главниот тренер Пеп Гвардиола (претходно сите тројца работеа во Барселона).
Актуелниот шампиони на англиската Премиер лига е еден од ретките клубови кои можат да му понудат на Меси договор со плата од 50 милиони фунти годишно (59 милиони евра).
Да потсетиме дека конфликтот на Меси со раководството на Барселона започна по зборовите на спортскиот директор Ерик Абидал, кој рече дека една од причините за разрешување на Ернесто Валверде од функцијата главен тренер е незадоволството на играчите.