Раководството на Манчестер Јунајтед ја намали цената на фудбалерот, Пол Погба, за цели 30 милиони. Според весникот –„Sun“, клубот од „Олд Трафорд“, сега го продава Французинот за 150 милиони фунти со надеж дека Реал Мадрид и Јувентус ќе испратат понуда за неговиот потпис.
Во исто време, весникот „Мирор“ напиша дека менаџерот на тимот, Оле Гунар Солскјаер, му рекол на Погба дека нема потреба да доаѓа во кампот во Марбела за време на зимската пауза.
Французинот сеуште се опоравува од операцијата на глуждот и неговото враќање на теренот е одложено на неодредено време. Погба во тековнава сезона има одиграно само осум натпревари за „црвените-ѓаволи“.
