Младиот фудбалер на Јувентус, Паоло Дибала, откако одигра блескаво во досегашниот дел од сезоната, најверојатно ќе добие понуда да ја продолжи соработката со екипата од Торино со далеку подобри финасиски параметри.
Аргентинецот кој досега постигна 11 голови и забележа 11 асистенции, има тековен договор до летото во 2022 година и заработка од 7.3 милиони евра по сезона. Сега „Тутуспорт“, напиша, дека „старата дама“ ќе му понуди на Дибала да остане до 2025 година и да добива по 10 милиони на сезона со што ќе стане вториот најплатен играч веднаш по Роналдо кој има плата од 31 милион евра годишно.
Доколку арегнтинецот ја прифати понудата, тогаш ќе се зголеми и неговата откупна клаузула. Таа ќе биде повеќе од 100 милиони евра.

