Диего Симеоне е најплатениот тренер во светот, објави весникот „Л’Екип“.
Според изворот, платата на аргентинскиот стратег во Атлетико е 3,6 милиони евра месечно без даноци.
Второто место на листата на најплатени тренери на планетата е Хосеп Гвардиола. Менаџерот на Манчестер Сити, заработува 1,94 милиони евра месечно. Третото место го делат Јирген Клоп (Ливерпул) и Жозе Мурињо (Тотенхем). Секој од нив добива 1,46 милиони евра месечно.

