Натпреварот од германското фудбалско првенство помеѓу Борусија Менхенгладбах и Келн е одложен поради моќниот ураган „Забине“, кој ќе го погоди регионот во текот на денот.
Домаќините рекоа дека одлуката е донесена по консултација помеѓу клубовите, лигата, полицијата и противпожарните служби. Официјални претставници на Борусија објаснија дека самиот фудбалски натпревар нема да биде во опасност од ураганот „Забине“, но постои голема опасност за навивачите кога ќе се враќаат во своите домови да бидат изложени на невремето.
Тие најавија дека бил распродаден капацитетот на целиот стадион и требало да бидат над 50.000 гледачи. Во моментов нема извештаи за одложување на другите натпревари.

