Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо постигна гол на натпреварот од 23 коло во Серија А против Верона.
За 35-годишниот Португалец, оваа гол беше 20-ти во досегашниот дел од сезоната на италијанскиот шампионат. Тој дојде до оваа бројка на постигнати голови во 11-та последователна сезона. Серијата започна откако напаѓачот се пресели во Реал Мадрид од Манчестер Јунајтед летото 2009 година.
Кристијано исто така по трет пат во кариерата успеа да постигне гол 10 натпревари во низа. Претходно, тој успеа да го стори тоа двапати како дел од Реал Мадрид (2014 и 2018 година).
Јувентус е лидер на Серија А, и води пред Интер кој вечерва го игра дербиото со Милан и доколку победи ќе се израмни со бројот на бодовите кои ги има Јувентус.

