Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси стана херој за својата екипа на натпреварот од 23-то коло на Шпанската Примера со Бетис, што се одигра синоќа на стадионот „Бенито Виламарин“ во Севиља. Аргентинецот имаше три асистенции и му помогна на својот тим да оствари победа со резултат 3:2.
Така, капитенот на Барселона го зголеми бројот на постигнатите голови и асистенции во досегашната сезона во првенството и дојде до двоцифрени броеви и во двата показатели. Во моментов, 32-годишниот Аргентинец има 14 гола и 11 асистенции на 18 првенствени натпревари.
Според ова.Лео Меси станал вториот играч во првите 5 европски лиги што постигнал ваква статистика. Претходно, тоа му успеало само на играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд Џејдон Санчо. 19-годишниот Англичанец имаше постигнато 12 голови и 13 асистенции на 19 натпревари во германската Бундес лига.

