Јувентус ќе направи се што е потребно за да го убеди Пеп Гвардиола да го преземе тимот во текот на летото, тврдат англиските новинари.
Вчера се појави информација дека управата на „бјанконерите“ ја сфатила грешката со назначувањето на Сари и ќе биде големо изненадување доколку тој ја заврши сезоната на клупата на „Старата Дама“.
За Пеп е јасно дека неговата соработка со Манчестер Сити е пред крај, бидејќи тимот веќе ја загуби борбата за титулата. Доколку „граѓаните“ и оваа сезона не го кренат пехарот од Лигата на шампионите, ќе биде изненадување Шпанецот да остане во составот.
Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели е уверен дека Пеп е совршен тренер за неговиот тим и верува дека ќе може да го донесе првиот трофеј во Лигата на шампионите во клупските витрин по 1996 година.

