Во Наполи сериозно размислуваат да не го продолжат договорот со Гатузо во јуни. Првиот човек на клубот Де Лаурентис бара алтернатива за тренерското место, откако не е задоволен со досегашните настапи на тимот под водство на екс-репрезентативецот.
Некои медиуми наведуваат дека Наполи, под водство на Гатузо, носи помалку бодови, постигнува помалку, а прима повеќе голови отколку што тоа беше кога тимот беше под водство на Карло Анчелоти.
Ако Гатузо си замине во јуни, се споменуваат три имиња како можни наследници: Иван Јуриќ, Џан Пјеро Гасперини или Лучијано Спалети.

