Ливерпул е подготвен да го продаде својот млад фудбалер Хари Вилсон ова лето. Фудбалерот игра како позајмен во Бурнемаут и имаше извонредна сезона, но „црвените“ се подготвени да разговараат за негова продажба доколку има заинтересиран клуб кој ќе ги плати бараните 30 милиони фунти за Вилсон.
Бурнемаут најави дека е разсположен да разговара за преманентен договор со Вилсон, но ќе почека да заврши сезоната. 22-годишниот фудбалер има 22 меча во Премиер лигата оваа сезона со 7 постигнати гола.

