Фудбалерот на Арсенал, Месут Озил, вели дека доаѓањето на новиот тренер, Микел Артета е донесе нови тактички варијанти и дека претставува вистинско освежување за „топчиите“.
Иако во моментов, Арсенал е рангиран на 10-то место во Премиер лигата со 31 бод , германскиот интернационалец верува дека неговиот тим може да се бори за место во квалификациите за Лигата на шампионите.
„Поминаа само два месеца откако Микел е тука, но, ние напредувавме многу тактички. Тој знае сè – каква шема ќе играат противниците или како размислува нивниот менаџер. Знаеме дека сезоната е тешка за нас, но, сакаме да бидеме во Топ 4. Наша цел е да бидеме во Лигата на шампионите“ – вели Озил.