Англискиот фудбалски состав Саутемптон, сака да му го продолжи договорот на напаѓачот, Шејн Лонг, јавуваат денеска британските медиуми.
33-годишниот голгетер игра активно кај популарните „светците“ од сезоната 2014-2015 откако претходно го носеше дресот на: Хал Сити, Вест Бромвич, Корк Сити и Ридинг. Тој му е константен партнер во нападот на Дени Ингс иако има дадено само еден гол во Премиер-лигата од почетокот на сезоната и еден во ФА Купот.
Лонг досега одиграл 161 натпревар за Саутемптон и постигнал 26 голови. Познато е дека неговиот договор ќе истече на крајот од сезоната, но, очигледно е дека првите луѓе на тимот сакаат да го задржат и понатаму на платниот список.