Раководството на Лестер продолжува со преговорите за нов договор со играчот за врска Џејмс Медисон. Разговорите меѓу двете страни започнаа во ноември минатата година, но досега не можат да се согласат да го обноват договорот на играчот.
„Лисиците“ сакаат да ја наградат својата sвезда со подобар договор за да го обезбедат неговиот статус во клубот, а исто така се надеваат дека ќе ги одвратат кандидатите кои следново лето тргнуваат по него.
Не е тајна дека Манчестер Јунајтед е многу заинтересиран за 23-годишниот англиски репрезентативец. „Црвените ѓаволи“ подготвуваат сериозна офанзива за него во текот на летото.