Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, а шпекулациите за летниот атак кон него кој го подготвува „кралскиот клуб3 од ден на ден стануваат се побројни.
Според аргентински извори, Реал размислува за Лаутаро како наследник на Карим Бензема, кој иако игра одлично оваа сезона, веќе има 33 години и природно е дека нема да може да издржи да игра на три фронта следната сезона.
Мартинез игра фантастично оваа сезона, постигнувајќи 16 голови на 28 натпревари, а покрај Мадрид, за него се интересира и Барселона. Во Аргентина веќе се шпекулира дека Реал е подготвен во јуни да извади 115 милиони евра, колку што е откупната клаузула на Мартинез во Интер.