Македонскиот борач со изборена олимписка норма за Токио, Могамедгаџи Нуров не успеа да ја мине и втората репасажна борба на ЕП во Рим во категоријата до 97 килограми и со тоа да се избори за меч за бронзениот медал. Утрово Нуров доби шанса низ репасажот да се бори за медал, затоа што неговиот вчерашен противник во квалификациите Русинот Садулаев веќе е во финалето и ќе се бори за златниот медал. Во првиот дуел од репасажот со Турчинот Болукбаши, нашиот борач избори победа од 7:0, но во вториот дуел со Гаџиев од Азербејџан загуби со 7:4 и не успеа да дојде до мечот за медал.
Денеска на душекот се појави и нашиот втор адут, Владимир Егоров, но во квалификациите беше поразен од Ерменецот Харутјунјан со 6:0, па и тој ќе го чека расплетот на останатите битки за евентуален репасаж во категоријата до 61 кг. Бобан Данов во апсолутна категорија до 125 кг. во осминафиналето загуби со убедливи 7:1 од Белорусинот Џиатко.

