Раководството на Сампдорија претрпе измени, пренесува денес “Фудбал Италија“. Според изворот, целиот управен одбор на Сампдорија поднесе оставка.
Претходно, италијанскиот клуб го напушти потпретседателот Паоло Фиорентина. Сега претседателот на Сампдорија Масимо Фереро ќе треба да формира нова управа на клубот. Фереро рече дека е подготвен да го продаде клубот, но само на сигурен купувач.
Сампдорија има освоено 23 поени на 23 натпревари и се најоѓа на 17-то место на италијанската Серија А. Денес екипата на Сампдорија на домашен терен ќе игра против Фиорентина, натпреварот се игра во 15 часот.