Барселона многу тешко дојде до победа против Хетафе, славеше со 2:1 во нивниот натпревар од Ла Лига, кој се одигра синоќа , но ова има објаснување.
Статистиката покажува дека гостите поставиле рекорд за прекршоци, вкупно 30. Ниту еден тим во ТОП 5 Европски првенства не направил толку прекршоци во текот на еден натпревар оваа сезона. Ова се најмногу прекршоци на еден натпревар во дуелот од шпанската елита за изминатите пет години.
Изненадувачки, сепак, само двајца играчи на Хетафе беа казнети со жолти картони, Хајме Мата и Кенеди. Уште поинтересно е тоа што повеќе жолти картони добија играчите на Барселона – три.