Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјаер, не е задоволен од изјавите на менаџерот за трансфери, Мино Раиола, кој нагласи дека неговиот клиен, Пол Погба, може да се врати во редовите на Јувентус.
„Пол е фудбалер на Манчестер Јунајтед а не на Мино Раиола. Секако, не сум разговарал со него и немам намера” – коментира Солскјаер на прес-конференција пред денешниот меч со Челзи во Премиер лигата.
„Погба сака да игра фудбал. Никој не сака да биде повреден, жал ми е за Погба, но, јас не можам да му кажам што да прави“ – нагласи тренерот од Норвешка.

