Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак покажа голема самодоверба пред натпреварот против Ливерпул. Двете екипи вечерва се соочуваат на „Ванда Митрополитано“ во првиот осинафинален меч од ЛШ.
„Ливерпул е тим кој не загуби веќе една година. Тие со право се фаворит, но тоа не значи дека ќе се откажеме и ќе им дозволиме да направат што сакаат. Ќе се обидеме да го одиграме нашиот најдобар натпревар во сезоната и ги зачуваме нашите шанси пред реваншот“, рече Облак.
„Ливерпул има импресивни играчи на секоја позиција, не само во напад. Алисон Бекер е без сомнение еден од најдобрите голмани на светот. Му честитам за Наградата за најдобар Светскиот голман. Се надевам дека ќе успееме да го совладаме вечерва“, додаде Словенечкиот голман.

