Фудбалерот од средниот ред на РБ Лајпциг, Конрад Лајмер, го продолжи договорот до јули во 2023 година, стои во објавата на официјалната веб-страница на германскиот клуб.
22-годишниот Австриец во 2017 година го напушти тимот на Салцбург и за 7 милиони евра се пресели во Бундес-лигата. Тој за две и половина години има одиграно 101 меч за „Ред Булс“ а во јуни во 2019 година дебитираше и за австриската репрезентација.
„Јас ја развив мојата игра тука. Можам и убеден сум дека ќе продолжам да напредувам во неверојатно професионален и амбициозен клуб“ – вели Лајмер кој во тековнава сезона на 29 одиграни натпревари има дадено 4 голови и направено 3 асистенции.