Фудбалскиот тим Тотенхем потврди дека Мин Сон ќе прави пауза од неколку недели поради повредата на рамото која ја доби на викенд дуелот со Астон Вила.
Фрактурата ќе го натера корејскиот напаѓач да оди на операција што само му создава нови проблеми на тренерот, Жозе Мурињо, кој се соочува и со отсуството на капитениот, Хари Кејн.
Првиот голгетер на „петлите“ ќе ги пропушти двата меча со Лајпциг во Лигата на шампионите а нема да игра и на дербито со Челзи, потоа против Волвс, на дуелот во ФА Купот со Норвич и средбите во Премиер лигата против Барнли и можеби против Манчестер Јунајтед.

