Напаѓачот на Борусија Дортмунд Ерлинг Халанд беше блиску до светскиот рекорд во спринт на натпреварот 1/8 финалето на Лигата на шампионите со ПСЖ (2:1), објавија денес медиумите во Германија.
Откако успеа да одигра добро дефанзивно пред својот гол, норвешкиот напаѓач, трчајќи во контранапад, направи спринт повеќе од 60 метри, трошејќи на него само 6,64 секунди. Да потсетиме дека светскиот рекорд е 6,34 секунди, што значи дека играчот имаше за 0,3 секунди послабо време.
Откако успеа да постигне два гола на мечот со ПСЖ, Халанд постигна 10 гола во Лигата на шампионите. Норвежанецот стана петтиот играч во историјата на Лигата на шампионите / Купот на шампионите, кој успеа да постигне 10 или повеќе голови во својата дебитантска сезона. Исто така, играчот беше прогласен за најдобар играч на натпреварот.