Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Интер има 10 милиони причини да игра во Лигата на Европа
    Фудбал

    Интер има 10 милиони причини да игра во Лигата на Европа

    risteBy riste19/02/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Интер има 10 милиони причини да не се откаже од Лигата на Европа, пишува весникот „Газета дело Спорт“ во анализата пред гостувањето во Бугарија.

    Интер ќе се обиде да оствари добар резултат во првиот 1/16-финален натпревар од Лигата на Европа против Лудогорец утре, за да има мирен реванш во Милано, што е на само три дена пред големото дерби на Италија и директен дуел за титулата со Јувентус.

    Интер предводен од Конте претрпе два последователни порази по втор пат оваа сезона. Првиот пат беше во октомври од Барселона и Јувентус, а сега тоа се случи против Наполи во Купот на Италија и против Лацио во првенството. „Победата во Бугарија ќе гарантира пласман во следната рунда и ќе донесе мирен реванш, што е само три дена пред дуелот на 1 март во Торино, каде Лукаку и друштвото ќе се борат за Скудетото.

    Елиминацијата од Лигата на Европа ќе ја олесни клупската каса за следниот трансфер период, второто последователно рано испаѓање од Лигата на шампионите би можело да го чини 9,5 милиони евра за награди кои би ги добиле доколку се пласираат во финалето на Лигата на Европа во Гдањск на 27 мај.

    Пласманот во осминафиналето вреди 1,1 милиони евра, четвртфиналето 1,5 милиони, полуфиналето 2,4 милиони и финалето – 4,5 милиони. И уште 4 милиони евра за тимот што ќе го освои трофејот. Причини што се доволни за Интер да не ја игнорира Лигата на Европа.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.