Лигата на Европа денеска ќе ни ги донесе првите мечеви од 1/16-финалето на ова УЕФА натпреварување. Фаворитите за освојување на трофејот нема да имаат лесна задача во оваа фаза од турнирот.
Манчестер јунајтед ќе го започне својот марш до финалето со меч на гости кај силниот Бриж. Друг важен кандидат за трофеј, Арсенал ќе гостува во Грција кај Олимпијакос.
Холандскиот шампион Ајакс ќе гостува кај фантастичниот состав од шпанската Ла Лига, Хетафе, додека Рома пред своја публика ќе го пречека белгиски Гент.

