Заменик-капитенот на Севиља, Даниел Карико, го комплетираше својот трансфер вп кинескиот суперлигаш Вухан Зал, потврдија од клубот .
Централниот дефанзивец чиј договор завршуваше ова лето, имаше предлог да остане во Андалузија, но од финансиски причини решил да ја прифати кинеската понуда.
Карико оваа сезона одигра 12 натпревари во првиот тим и е фудбалер со најдолг стаж во составот на клубот.

