Дефанзивниот играч од средниот ред на Челзи и француски репрезентативец Н’голо Канте ќе ги пропушти следните 2-3 недели од сезоната поради повреда, пренесува весникот „Тајмс“.
28-годишниот Канте заработи повреда на препоните при поразот од Манчестер Јунајтед во Премиер лигата со 0:2 во неделата. Играчот од средниот ред нема да биде достапен барем за следните пет натпревари на тимот од Лондон, меѓу нив се дербито во Премиер лигата со Тотенхем, првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн Минхен (25 февруари) и натпревар против англискиот шампион во Премиер лигата (3 Март).
Канте има 21 натпревар и 3 гола за „Сините“ оваа сезона.