Следната недела ќе биде одржан 57-от Мавровски меморијал, натпреварување со кое се продолжува традиција на скијачкото трчање.
Според програмата самите натпревари се планирани за вторник и среда (25 и 26 февруари) додека во понеделник на 24 февруари ќе биде свеченото отварање во хотелот „Спорт“ , а на кој ќе се обратат видни гости, додека за отворен 57 –от Мавровски Меморијал ќе го прогласи на заменик претседателот на Влада и министер за одбрана, г-ѓа Радмила Шекеринска Јанковска
Во вторник и среда од 10 часот ќе се одржат натпреварите на 5км и 10км (слободен стил), а веднаш потоа во 14 часот ќе биде доделување на награди за најдобрите учесници
На 57-от Мавровоски меморијал се очекува учество на повеќе европски држави: Русија, Швајцарија , Луксембург, Србија, Грција, Бугарија, БиХ, Хрватска, Црна Гора, Турција, Романија и секако Македонија.