Оваа недела беше посебна за фудбалските клубови од Германија, пет клуба кои настапуваат во германскиот шампионат го продолжија својот настап во фазата од плеј-офот на евро куповите и победија.
На натпреварите во Лигата на шампионите, Борусија Дортмунд го совлада ПСЖ со 2:1 на домашен терен, а РБ Лајпциг го совлада Тотенхем со 1:0 на гостувањето во Лондон. Синоќа во Лигата на Европа, Ајнтрахт Франкфурт го совлада РБ Салцбург со 4:1, а Баер Леверкузен и Волфсбург победија со 2:1 против Порто, односно Малме.
За една недела пет германски клуба последен пат оствариле пет победи во плеј-оф фаза од Европскиот куп во 1993 година.
Следната недела Баерн Минхен ќе ги продолжи настапите во Лигата на шампионите со гостувањето во Лондон кај Челзи.

