Спортскиот директор на фудбалскиот состав Милан, Паоло Малдини, зборуваше за иднината на хрватскиот интернационалец Анте Ребиќ кој игра како позјамне од Ајнтрахт Франкфурт и ветеранот Златан Ибрахимовиќ кој има договро до крајот на сезоната. Ребиќ во континуитет покажува дека е во одлична форма а на вчерашниот меч со Фиорентина успеа да дојде и до седмиот гол во тековнава сезона.
„Ребиќ е на двегодишна позајмица, што значи дека сигурно ќе биде со нас и во наредната сезона. Потоа ќе видиме дали ќе успееме да се договориме со Ајнтрахт за негов откуп“ – изјави Малдини.
„Ибрахимовиќ потпиша договор на шест месеци, но, има клаузула за автоматско продолжување доколку избориме местово ЛШ. Ако не успееме да се пласираме ќе седнеме и ќе разговараме“ – истакна Малдини.

